Дома Македонски спорт Мак ракомет Јоновски и Митревски се враќаат против Чешка

Јоновски и Митревски се враќаат против Чешка

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство во Хрватска, против селекцијата на Чешка.

Македонија ја пропушти шансата уште во Украина да обезбеди пласман за континенталниот собир во Хрватска. „Црвено-жолтите“ во Украина одиграа 27-27,, поради што пласманот на табелата во Групата 4 ќе се решава вечерва во Скопје и Рејкјавик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чешка како лидер во групата со шест бодови гостува во Скопје кај вторпласираната Македонија која има бод помалку. Пет бодови има и Украина која гостува кај Исланд кој со четири бодови е последен на табелата но не и без шанси за пласман на ЕП.

Во пресрет на натпревар селекторот на Македонија Раул Гонзалес, реши да направи две промени во однос на составот кој играше во Украина.

Искусниот Ацо Јоновски, специјалостот за игра во одбраната, ќе го замени Мартин Велковски, а рокада ќе има и на голманската позиција Никола Митрески ќе го заземе местото на Златко Даскаловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…