Дома Топ вести Што ќе се случи со Барса и Реал по прогласувањето независност? Одговорот пристигна и нема да им се допадне на многумина

Што ќе се случи со Барса и Реал по прогласувањето независност? Одговорот пристигна и нема да им се допадне на многумина

Шпанскиот парламент во петокот одобри воведување на итни мерки во Каталонија, кратко време откако каталонскиот парламент изгласи независност на покраината на североисточниот дел на Шпанија, но тоа за сега не би требало да влијае на продолжувањето на шпанското фудбалско првенство.

Прогласувањето независност не би требало да влијае на спортските натпреварувања, барем не во блиска иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа е долг процес, во кој мораат да учествуваат и меѓународните фудбалски организации УЕФА и ФИФА, а во овој момент не постои причина дека такво нешто би можело да се случи и поради желбите на лидерите на Барселона. Ова е процес кој би можел да трае и подолго од шест години“, пренесува угледниот спортски весник Марка.

Тоа, се разбира, нема да им се допадне на голем број од фановите на каталонските екипи кои со месеци веќе сакаат целосна независност.

„Нема никакви шанси да Барселона, Еспањол или било кој друг клуб од Примера веднаш биде исклучен од Ла Лига или настап под друго знаме, се ќе остане исто како и до сега. Според шпанскиот закон за спортот само Андора има право да учествува во нејзините натпреварувања, а за да дојде до промена на законот, и клубовите од независна Каталонија да можат да се натпреваруваат во заедничка шпанска лига, потребно е најмалку шест месеци и желба на државата да ја промени законската рамка“, заклучува Марка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…