Дома Топ вести Челзи ја доби битката: Ѕвездата на Монако се сели на „Стенфорд Бриџ“

Челзи ја доби битката: Ѕвездата на Монако се сели на „Стенфорд Бриџ“

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи веќе постигнал договор со ѕвездата на Монако, Тимуе Бакајоко за кого веќе спремиле понуда од 45 милиони евра.

22-годишниот играч за врска импресионираше оваа сезона и е мета на многу европски гиганти, но медиумите тврдат дека „сините“ ја победиле конкуренцијата и веќе постигнале договор со играчот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конте сака да донесе квалитетен играч за врска кој ќе биде алтернатива за Канте и Матиќ, па е сигурен дека Бакајоко одлично ќе се вклопи бидејќи се може да игра на неколку позиции во средниот ред, а се карактеризира со цврстина во играта во одбрана.

Англиските медиуми тврдат дека вредноста на трансферот ќе изнесува 45 милиони евра, сума која сигурно нема да претставува проблем за „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…