Дома Трансфер зона Спринт на Борусија Дотрмунд по сензацијата на Серија А – Јуве, Интер и Рома можат да зажалат

Спринт на Борусија Дотрмунд по сензацијата на Серија А – Јуве, Интер и Рома можат да зажалат

Чешкиот напаѓач Патрик Шик во дебитантската сезона го импресионираше фудбалскиот свет на Италија. Со сјајните настапи во Сампдорија, за само една сезона, успеа да ги натера Јувентус, Интер, Рома и останатите великани да застанат во ред за неговиот потпис. Чехот има откупна клаузула од 25 милиони евра, што го прави лесна мета, но плановите на италијанските фудбалски гиганти може да ги расипе Борусија Дортмунд.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Борусија е спремна за спринт во трката за Шик. Сите од Дортмунд се сложни дека младиот чешки фудбалер би бил идеално засилување и се желни да ја платат откупната клаузула. Освен тоа, спремни се на чешкиот напаѓач да му понудат подобри финансиски услови и поголема плата од италијанските клубови. Исто така, на играчот му се нуди да игра и во Лига на шампиони, со оглед на тоа дека Борусија е спремна за продажба на Обамејанг. Шик би можел да смета на важна улога во тимот, за разлика од споменатите италијански клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, приказната има и друг агол. На играчот му се допаднаа Италија и Серија А и на драга волја би останал на Апенинскиот полуостров и да продолжи да се развива како досега. Од друга страна, Сампдорија сака да извлече пари. Сега им е жал што поставија толку ниска откупна клаузула и сакаат да го задржат играчот уште една сезона. Во текот на таа сезона би се обиделе да го придобијат со уште еден договор, со поголема плата, но и поголема откупна клаузула.

„Милан, Интер, Јувентус, Наполи и Рома сакаат да го купат. Искрен сум. Го сакаат и странски клубови чии имиња веќе не можам ни да ги допамтам. Но, наша цел е да го задржеме“, изјави Масимо Фереро, претседателот на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…