Додека цела Англија зборува за доаѓањето на Бернанрдо Силва во Манчестер Сити, менаџерот Пеп Гаврдиола спрема уште поспектакуларни засилувања.
Бернардо Силва денес пристигна на лекарски прегледи во Манчестер, а „граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат 70 милиони евра кои со додатни бонуси можат да стигнат до 80 милиони.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Сепак, ова е само почеток на засилувањата кои Сити сака да ги донесе ова лето. Бидејќи вчера од „Етихад“ си заминаа три бекови – Бакари Сања, Гаел Клиши и Пабло Забалета приоритет на клубот ќе бидат засилувања на овие позиции.
Имено, англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ спремиле 100 милиони евра за засилување на овие позиции и сакаат да го доведат двоецот – Кајл Вокер и Бенџамин Менди.
Се шпекулира дека Гвардиола за десниот бек на Тотенхем е спремен да понуди 55 милиони евра, сума која лондобскиот клуб нема да може да ја одбие. Вокер исто така е спремен да селидба и за чекор напред во кариерата, но „граѓаните“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Англичанецот е силно заинтересиран и Баерн Минхен.
Покрај десен, Пеп сака и лев бек, а изборот падна на Бенџамин Менди кој имаше феноменална сезона во Монако. Особено воодушеви на мечевите против Манчестер Сити, па Гвардиола е спремен да плати 45 милиони евра за неговиот потпис.