Дома Останати Сензацијата Остапенко го освои Ролан Гарос

Сензацијата Остапенко го освои Ролан Гарос

Тинејџерката од Летонија Јелена Остапенко ја освои титулата на Ролан Гарос, окако во финалето, во три сета 4:6, 6:4, 6:3 ја совлада Романката Симона Халеп.

Јелена Остапенко, 20-годишната тенисерка од Летонија, приреди една од најголемите сензации, во женскиот тенис, во опен ерата, откако успеа да триумфира на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ролан Гарос е првиот ВТА трофеј кој во кариерата го освои Остапенко. Таа во минатото три пати играла финале на накој ВТА турнир, но не успеала да победи ниту еднаш. Исто така Остапенко е првата Летонка која освоила гренд слем турнир.

Романката Симона Халеп, втор пат во кариерата играше финале на Ролан Гарос, но слично како и пред три години не успеа да го освои трофејот. Инаку, доколку победеше во финалето Халеп, од понеделник, ќе беше прва на ВТА листата, вака таа ќе го израмни својот најдобар ранкинг и ќе биде втора зад Анжелик Кербер.

Остапенко која турнирот го започна како 47-ма во светот, од понеделни, ќе се најде на 12-то место на ВТА листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…