Дома Трансфер зона „Светец“ од пола милијарда евра?!

„Светец“ од пола милијарда евра?!

Колкава сума навистина би требало да спреми ПСЖ во случај на реализација на трансферот на Нејмар?

Едно е сигурно, доколку ПСЖ успее да го доведе Нејмар ќе мора да плати астрономска сума која никогаш претходно не е забележана во историјата на фудбалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анализирајќи ја целата операција се доаѓа до неверојатна сума од 528 милиони евра!

Што би било причината за евентуалниот трансфер знае само Нејмар, на кого можеби му здодеа да биде во сенка на Лионел Меси.

Откупната клазула на Нејмар е 222 милиони евра, а со платата која овој фудбалер ја бара се додаваат уште 306 милиони евра колку ПСЖ ќе мора да исплати, дел на фудбалерот, дел на државата.

Позитивен факт за ПСЖ е тоа што клубот не би морал да плати никаков данок за овој трансфер бидејќи владата во таа држава минатата година воспостави правило според кое доколку исплаќате голема клазула не морате да плаќате никакви дополнителни провизии на државата.

ПСЖ поради ова правило заштедува дури 106.5 милиони евра што воопшто не е мала разлика. „светците“ му нудат годишна плата од 30 милиони евра и договор на пет сезона.

Данок нема кога е оштетата во прашање, кога е платата тука ПСЖ за споменатите ќе 30 милиони евра кои би ги добивал Бразилецот на својата држава ќе мораат годишно да и плаќаат 61.2 милиони евра (вкупно 306 милиони евра). Но и тоа е олеснување ако се земе за споредба дека во периодот од 2012 до 2015 во Франција данокот изнесуваше 75%.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…