Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарките ги почнаа подготовките за баражот со Шведска

Ракометарките ги почнаа подготовките за баражот со Шведска

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го одржа првиот собир за почеток на подготовките за бараж-двомечот за СП 2017 со Шведска.

Селекторот Симе Симовски по кусиот состанок со присутните ракометарки го одржа и првиот тренинг, а веќе вечерва, на вториот тренинг, се очекува репрезентацијата да биде комплетна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според распоредот, ќе се тренира двапати дневно, денеска и утре, односно до заминувањето за Турција в среда, каде Македонија ќе настапи на меѓународен подготвителен турнир.

На турнирот во Анталија, кој ќе трае до недела, покрај со домаќинот Турција, нашата селекција ќе одигра натпревари и со соодветните селекции на Литванија и Русија.

По враќањето во Скопје, нашите репрезентативки ќе ги продолжат тренинзите до првата од двете бараж средби против Шведска за пласман на СП 2017. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, на 10 јуни, со почеток од 20:30 часот. Реваншот во Шведска е предвиден за 13 јуни 2017.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…