Дома Трансфер зона ПСЖ не штеди – Огромни пари за доведување на Мбапе

ПСЖ не штеди – Огромни пари за доведување на Мбапе

Како што пренесува „Goal“, Парискиот клуб, ПСЖ наводно е подготвен да плати повеќе од 135 милиони евра за напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе.

Фудбалерот, кој има само 18 години, го привлече вниманието на многу гиганти во Европа по минатата сезона, но само неколку од нив, како што е ПСЖ, можат да си го дозволат одличниот напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пвично, Парижаните не беа заинтересирани за мега-понуда за Мбапе, но откако спортски директор стана Антеро Енрике, порано од оваа година, нивните клупски приоритети се промениле. Како што пренесува истиот извор, управата на Парижаните со таткото на тинејџерот се сретнале двапати.

Мбапе би требало одлуката за иднината да ја донесе по одморот, а за него се заинтересирани Реал Мадрид, Арсенал и уште неколку клубови.

Доколку трансферот на младиот Французин во ПСЖ се реализира, тоа би бил светски рекорд кога станува збор за исплата на надомест за некој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…