Дома Топ вести Пресврт: ПСЖ се откажа од Мбапе – еве ја причината!

Пресврт: ПСЖ се откажа од Мбапе – еве ја причината!

Трансферот на Килијан Мбаше во Пари Сент Жермен се чинеше веќе готова работа, но денес медиумите информираат дека се случил голем пресврт.

Младиот Французин требаше да премине во Париз како втор најскап трансфер во историјата, но дојде до пресврт на ситуацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи со своето трошење го навлече бесот на големите европски клубови. Поради тоа првиот човек на „светците“ ризикува драконска казна од УЕФА, која може да го суспендира од европските натпреварувања. Притоа, евроските гиганти се заканија дека можат да влезат во „отворена војна“ со францускиот клуб.

Поради тоа Ал Келаифи за сега го стопираше трансферот на играчот од Монако, а можно е во целост да се откаже од негова реализација.

Потсетуваме, Реал прв постигна договор со младиот Французин, но неговиот татко сепак одлучи да ја прифати понудата на ПСЖ, кој нудеше многу поголема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…