Дома Трансфер зона Пеп му се јави на Иниеста: Те носам во Сити!

Пеп му се јави на Иниеста: Те носам во Сити!

Пеп Гвардиола во послдните неколку дена разговарал со ѕвездата на Барселона, Андрес Иниеста со кого имаа одлична соработка на „Камп Ноу“.

Со оглед на фактот што Андрес Иниеста сеуште не го продолжил договорот со Барселона, шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот е изненаден од незаинтересираноста на раководството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „Дарио Гол“ тврди дека многу клубови во моментов покажуваат сериозен интерес за Иниеста, пред се Манчестер Сити.

Медиумот пренесува дека Гвардиола веќе го контактирал Иниеста и разговарале за евентуалниот трансфер. Во секој случај Шпанецот ќе има многу поголема минутажа на „Етихад“ одколку во Барселона, па ќе биде интересно да се види каква ќе биде неговата одлука.

Иниеста од секогаш велел дека сака кариерата да ја заврши во Барселона, но доколку раководството не му понуди нов договор голема е веројатноста дека ова лето ќе го напушти „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…