Дома Трансфер зона Откриено: Ова е главната трансфер цел на Гвардиола!

Откриено: Ова е главната трансфер цел на Гвардиола!

Пеп Гвардиола минатото лето пристигна во Сити и потроши повеќе од 200 милиони евра на засилувања, меѓутоа каталонскиот стратег ќе ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј.

Поради тоа ова лето е спремен да донесе неколку нови фудбалери на „Етихад“ и повторно да потроши голема сума на пари. Се шпекулира дека Гвардиола на располагање ќе има буџет од 250 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во меѓувреме легендата на Барселона и голем пријател на Пеп, Чави открива која е најголемата трансфер желба на каталонскиот стратег.

Разговарам со Пеп и тој мисли дека е важно да се купуваат англиски играчи. Сигурен сум дека ова лето низ цела Европа ќе бара нови засилувања, но очекувам особено да погледне во Премиерлигата. Во моментов, најдобар англиски фудбалер, а и еден од најдобрите во Европа, е Деле Али”, открива Чави.

„Се работи за специјален играч, технички добро поткован. Тој е играч по мерка на Пеп, играч кој се вклопува во неговиот стил и филозофија. Сигурен сум дека Тотенхем нема лесно да се откаже од Деле Али, но Манчестер Сити има огромни ресурси”, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…