Дома Останати Најдобрите 5 тенисери испишаа ГОЛЕМА историја во тенисот

Најдобрите 5 тенисери испишаа ГОЛЕМА историја во тенисот

Новак Ѓоковиќ во понеделникот го прослави својот 30. роденден, а со тоа, тој и неговите колеги испишаа историја во тенисот.

Имено, прв пат во историјата не тенисот сите играчи кои се наоѓаат во ТОП 5 имаат 30 или повеќе години и со тоа, тие се најстарите тенисери кои некогаш биле во ТОП 5.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот и вториот на листата, Енди Мареј и Ѓоковиќ имаат по 30 години. На третото место, 32-годишниот Стан Вавринка, а наскоро во „клубот 32“ ќе му се приклучи и четвртиот тенисер во светот Рафаел Надал. ТОП 5 го затвора најстариот, но и најтрофејниот – 35-годишниот Роџер Федерер.

Во тенисот, како и во ниту еден друг спорт, се помести старосната граница. Некогаш Гренд Слемовите ги освојуваа тинејџери, а играчите со 30 години беа ветерани. Сега не е никаква сензација што Федерер со 35 години на грбот го освои Австралија Опен, „отпишаниот“ Надал доминираше на Мастерсите на земја, а 30-годишните Мареј и Ѓоковиќ ги држат водечките позиции.

Од младите играчи, најмногу ветува Александар Зверов, Германецот кој неодамна во својот прв Мастерс во финалето го изненади Ѓоковиќ.

Освен тоа, успорувањето на подлогата доведе до тоа во финалето на турнирот да гледаме исти играчи. Така во последните 12 години, освен за тенисерите кои сега се наоѓаат во ТОП 5, Мастерс освоија само уште пет други активни тенисери – Томаш Бердих, Давид Ферер, Жо-Вилфред Цонка, Марин Чилиќ и во неделата Зверов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …