Дома Фудбал Англија Мурињо во свој стил: „Дуелот со нив е само уште еден натпревар за нас“

Мурињо во свој стил: „Дуелот со нив е само уште еден натпревар за нас“

mourinho

Кога „Специјалниот“ дава изјава, тоа секогаш е екстра материјал и атракција за спортските и сите други медиуми кои го покриваат англискиот модерен фудбал.

Тимот на Манчестер Јунајтед ќе се подготвува за супер-дербито со лутите ривали Ливерпул како пред било кој меч, вели менаџерот Жозе Мурињо. Ова е голема спротивност од легендарниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Ферусон за кој ова беше најзначајниот натпревар во сезоната, како што неодамна откри Гери Невил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед имаат силен старт на шампионатот и се на второто место во лигата зад градските ривали Манчестер сити поради послаба гол разлика. Јунајтед има 21:2 скор и 19 освоени поени. Ливерпул од друга страна, има големи проблеми со одбраната и се на седмото место во шампионатот и Мурињо вели дека мечот не е толку важен во овој дел од шампионатот.

„Кога сте во голем клуб, голем играч, голем тренер, тогаш секој натпревар е важен. Не може некои мечеви да се гледаат како да се финалиња, а други поинаку. За мене, секој меч е финале и така било постојано. Но, се освојуваат три поени, а не четири. Во овој момент во сезоната тоа е тоа и останувам со таков пристап“, вели Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…