Дома Фудбал Англија Клоп бесен: Имам чуство како да го играме најлошиот фудбал и имаме „НУЛА“ бодови…

Клоп бесен: Имам чуство како да го играме најлошиот фудбал и имаме „НУЛА“ бодови…

klop

Менаџерот на Ливерпул е бесен на британската јавноста поради упатените критики кон него и кон неговиот тим.

Клоп е бесен на критичарите и истакна дека кога ги слуша критиките на сметка на неговиот тим има чуство дека го тренира најлошиот тим во светот кој има „нула“ бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот повтори дека попрво би бил тренер на напаѓачка екипа која прима погодоци отколку да игра тврдо и досадно. На прашањето дали на неговиот тим му недостига карактер одговори одречно.

„Секако дека не, веќе сто пати покажавме карактер. Поради она што во овој момент го зборуваат за нас имам чуство како да имаме нула бодови и го играме најлошиот фудбал во лигата. Тоа е начинот на кој новинарите пишуваат за нас. Имаме проблеми, тоа е очигледно и затоа сега имаме „само“  осум бодови наместо 15. Таква е ситуацијата, а вие можете да ја прифатите или негирате. Имаме уште многу работа, но не сме тим каков што не опишуваат“, зборуваше Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…