Дома Македонски спорт Каратистите на „Макпетрол“ заминуваат на силен турнир во Истанбул

Каратистите на „Макпетрол“ заминуваат на силен турнир во Истанбул

Каратистите на „Макпетрол“ вечерва заминуваат за Истанбул каде што ќе земат учество на силниот турнир од А-серија од Светската премиер карате лига.

„Основна наша цел на овој турнир е да се темпира формата на нашите кандидати кои треба да настапат на Светското младинско првенство во Тенерифе и подобрување на пласманот на ранг-листата на секој спортист во својата тежинска категорија. Ова е многу важно за нас бидејќи од следната година само прворангираните 50 спортисти во секоја тежинска категорија ќе може да учествуваат на турнирите што ги организира Светската карате федерација или „1 Премиер карате лига“, кои ќе бидат и критериумски назначени турнири за собирање бодови и учество на Олимпијадата во Токио 2020 година“, изјави тренерот Бошко Заборски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Истанбул ќе отпатуваат седум каратисти:

1. Сара Радичевска, категорија -50 кг
2. Симона Заборска, категорија -55 кг
3. Моника Пендаровска, категорија -55 кг
4. Наташа Стефановска, категорија -61 кг
5. Моника Стефановска, категорија -68 кг
6. Анѓела Мојсовска, категорија -68 кг
7. Петар Заборски, категорија -75 кг

На турнирот во Истанбул, кој се одржува на 23 и 24 септември, ќе настапат 1.262 натпреварувачи од 89 земји во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…