Дома Фудбал Репрезентации Италијанската легенда селектор на Албанија!

Италијанската легенда селектор на Албанија!

Фудбалската репрезентација на Албанија, денес доби нов селектор.

Легендарниот италијански фудбалер, Кристијан Панучи, ја доби довербата од челниците на ФС Албанија и на клупата на оваа селекција ќе го наследи неговиот сонародник Џани Де Биаси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деталите од договорот сеуште не се познати, но Панучи ќе има задача до крајот на квалификациите за Светското првенство да оствари што подобар резултат бидејќи пласманот на Мундијалот останува само сон.

Панучи (44) до сега како помошник тренер работеше во репрезентацијата на Русија каде што главен тренер беше Фабио Капело, а тренер беше уште на Ливорно и Тернана.

Да потсетиме, Џани Де Биаси доби отказ после лошите резулати во последно време иако со репрезентацијата на Албанија успеа да се избори за пласман на едно Европско првенство, што е најголем успех во историјата на оваа држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…