Дома Топ вести Интер ја крена рампата: „Перишиќ може во Манчестер Јунајтед, но…“

Интер ја крена рампата: „Перишиќ може во Манчестер Јунајтед, но…“

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети конечно го промени својот став за Иван Перишиќ.

Го промени во смисла на тоа дека се откажа од убедувањето на хрватскиот репрезентативец да остане на „Џуземе Меаца“ и се помири со неговото заминување на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спалети ова лето, кратко време откако со Рома го завзеде второто место во Серија А, беше именуван за нов тренер на Интер, а кратко време по неговото назначување јасно даде до знаење дека сериозно смета на Перишиќ и не мисли да го продаде.

Интер повеќе не е во позиција да мора да продава

Интер во текот на јуни имаше проблем со покривањето на финансискиот фер-плеј, па Перишиќ се споменуваше како главен кандидат за продажба и едноставно решение на ситуацијата. Спалети за тоа не сакаше ниту да слушне, па потребните 30 милиони евра го доби од продажбата на Џанлука Капрари во Сампдорија, Хуан Исус во Рома, Евер Банега во Севиља, итн.

Жозе Мурињо од другата страна молчи и чека, а во позадина се одвиваат сценарија каде што Перишиќ на својот менаџер Рамадани му рекол да го забрза трансферот во Манчестер Јунајтед.

Договарање до последниот ден од трансфер периодот

Иван отпатува со Интер на предсезонската турнеја во Кина, но од таму, наместо во Милано би можел да се врати во Манчестер.

„Тој е одличен играч и, сето тоа да зависи од мене, јас би го задржил. Перишиќ може во Манчестер Јунајтед. Секако, доколку пристигне понуда со која сите ќе бидеме задоволни, за да можеме од тие пари соодветно да инвестираме во тимот“, изјави Спалети.

Англиските медиуми пишуваат дека Интер не се откажува од цената во износ од 50 милиони фунти, што Мурињо сигурно нема да ја плати, па се очекува преговарање до последните денови од трансфер периодот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…