Дома Фудбал Останато Имаше СЕ за да биде наследникот на Меси, но потоа слеуваше ПАД од кој тешко ќе се врати!

Имаше СЕ за да биде наследникот на Меси, но потоа слеуваше ПАД од кој тешко ќе се врати!

Во 2003 година во Ла Масија пристигна момче кое беше најавувано како израелското чудо од дете…

Неговото име е Гаи Асулин, како што споменавме доаѓа од Израел, првите фудбалски чекори ги направи младинските школи на на Апоел од Хаифа и Беитар Нес Турбук, од каде и што премина во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се до 2007 година беше во младинската школа на Барселона, а потоа беше прекомандуван во Б тимот каде што помина три години. Иначе игра на позиција крилен напаѓач, но добро се снаоѓаше и како офанзивен играч за врска, на 63 настапи за Б тимот на Барселона постигна 13 погодоци, а во 2009 година Пеп Гвардиола го повика во првиот тим.

Според стилот на играта, градбата, па и физичкиот изглед, Гаи Асулин требаше да прерасене во сериозен фудбалер, а со Меси како пример и учител, од ираелско чудо од дете се очекуваше да прерасне во фудбалер од 100 милиони.

Дебитираше во натпреварот од Кралскиот куп, кога го заменик Ерик Абидал во 56 минута. Овој фудбалер отпрлика дебитираше исто време со Виктор Васекз, Тиаго Алкантара и Џонатан Дос Сантос.

Во 2010 година Асулин добива тригодишен договор, но тогаш 19 годишниот фудбалер одби да го потпише договорот бидејќи никој не можеше да му гарантира место во првиот тим. Остана краток период во Б тимот на Барселона, а потоа премина во Манчестер Сити.

Асулин тогаш изјави дека сака да соработува со својот пријател од Барселона, Јаја Туре, но набрзо „граѓаните“ го префрлија во резервниот тим.

Поради големите амбиции на Манчестер Сити за него место во тимот немаше, потоа следувше позајмица во Брајтон каде што во 2012 запиша само седум настапи, па јасно е дека Англија за Асулин беше големо промашување.

Следуваше враќање во Шпанија, каде ги помина клубовите на Расинг, Гранада, Херкулес и Мајрока, за потоа во 2015 година да се врати во родниот Израел, каде што потпиша договор со Апоел Тел Авив каде што се задржа само една сезона, настапи на седум натпревари и не постигна ниту еден погодок.

Ако ве интересира дали остана таму, одговорот е НЕ!

Гуи Асулин сега повторно игра во Шпанија и тоа во трета лига за екипата Сабадела, за која потпиша во август 2016 година. Сега има 26 години, а „Марка“ за него пишува дека е на вистинскиот пат да ја „оживее“ кариерата, а веројатно ова е и неговиот последен „воз“.

Да заклучиме, за 10 години колку што (полу) професионално играше фудбал, промени девет клубови, никогаш не ги оправда очекувањата, со оглед дека игра на позиција која од него бара голови и креирање шанси, Асулин тука потфрли.

Во Примера постигна само 16 за 10 години, од кои 13 за Б тимот на Барселона и три за Расинг Сатандер кој покрај Херкулес му пружи најмногу шанси за докажување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…