Дома Фудбал „Ил Феномено“ откри: Поради НЕГО си заминав од Реал Мадрид!

„Ил Феномено“ откри: Поради НЕГО си заминав од Реал Мадрид!

Ако некој може да го носи епитетот „Феномен“ тогаш тоа е тој. Луис Назарио де Лима – Роналдо е еден од најдобрите напаѓачи, а според многумина најдобар во историјата.

Роналдо европската одисеја ја започна во ПСВ, потоа играше една сезона во Барса, па пет сезони во Интер, се пресели во Реал Мадрид, од каде замина во Милан и таму ја заврши кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Феноменот“ овие денови за бразилските медиуми каде ја раскажа позадината за неговото заминување од Реал Мадрид и откри кој го „избркал“ од „Сантиаго Бернабеу“.

„Имав проблеми со повреди, а Капело цело време ме критикуваше. Како јас да бев виновен, и за сите мои проблеми ја обвинуваше мојата телесна тежина. Не сакам да заминам од Мадрид, таму ми беше одлично, но немав избор“, раскажува Роналдо.

„Си заминав од Реал против своја волја. Откако Капело дојде во Реал цело време јас му бев проблем. Кога ќе имав 100 грама повеќе ме бркаше од тимот. Воопшто не го интересираа моите партии, туку колку сум тежок. Јас сум во принцип толерантен човек, но со него било каква комбинација беше невозможна“.

„Знам дека тренерот е шеф и дека неговиот збор е последен. Јас секогаш сум ја почитувал хиреархијата, но ова немаше никаква смисла. Никој не може да ме убеди дека 100 или 200 грама вишок се пресудни за играта. Секогаш кога ќе одиграв лошо, според него тоа беше бидејќу сум дебел. Очигледно беше дека ние двајцата не можеме да соработуваме, а бидејќи клубот застана на негова страна, јас морав да си заминам“, објасни Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…