Дома Трансфер зона Де Шиљо го напушта Милан и се сели кај големиот ривал!

Де Шиљо го напушта Милан и се сели кај големиот ривал!

Италијанските медиуми тврдат дека левиот бек на Милан, Матиа де Шиљо нема да го продолжи договорот со „росонерите“ и на лето ќе се пресели во Јувентус.

Де Шиљо веќе подолго време е мета на навивачите на Милан, а се кулминираше вчера после натпреварот со Емполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, најпрво целиот стадион го исвирка Де Шиљо кога излегуваше од игра, а по натпреварот група навивачи го нападнале неговиот автомобил во кој играчот бил заедно со своите родители.

Денес Де Шиљо му соопштил на раководството дека не сака да го продолжи договорот и побарал да му биде дозволено да ја промени средината по завршувањето на сезоната.

Наводно бекот веќе има договор со Јувентус каде тренерот Макс Алегри во него гледа идеална замена за Стефан Лихштајнер.

Останува да видиме дали „росонерите“ ќе се согласат да го пуштат „своето дете“ во Торино, а неговата цела во моментов изнесува околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…