Дома Фудбал Останато Дами и господа бидете спремни – „Императорот“ НАЈАВИ враќање!

Дами и господа бидете спремни – „Императорот“ НАЈАВИ враќање!

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата има намера да се врати на фудбалските терени.

Иако претходните негови обиди да ја спаси својата кариера беа неуспешни, најмногу поради неговиот лош начин на живот, Адријано одлучи да се обиде уште еднаш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојот план е преку добар тренинг да се спремам до јануари и тогаш да се обидам да пронајдам клуб“, изјави 35 годишниот фудбалер во текот на гостувањето во една ТВ емисија во татковината.

Последниот ангажман Бразилецот го имаше минатата година во Мајами, но таа негова авантура заврши неславно.

Адријано своите најдобри денови ги помина во Италија каде што настапуваше за Интер, Парма и Фиорентина, а враќањето во неговата татковина го означи почетокот на неговиот крај.

Популарниот „Император“ за „кариоките“ запиша 50 настапи во периодод од 2000 до 2010 година и постигна 29 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…