Дома Трансфер зона ГОТОВО Е – Ова е првото заминување од Барселона!

ГОТОВО Е – Ова е првото заминување од Барселона!

Отпишаниот Французин се сели во Турција.

Дефанзивецот на Барселона, Жереми Матје кариерата ќе ја продолжи во турскиот Фенербахче.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа информација екслузивно ја пренесе турскиот весник „Fanatik“ кој тврди дека Матје ги постигнал личните услови со Фенербахче и дека преостанало само уште клубовите да се договорат за висината на надоместокот.

Новиот менаџер на Барселона, Ернесто Валверде го отпишал Матје кој има договор уште една година, па ова е послениот рок за Каталонците да заработаат нешто од неговата продажба.

Иако се споменуваше дека Олимпијакос ќе биде неговата следна дестинација, изгледа дека Турците биле поконкурентни.

Матје во Барса пристигна летото 2014. година од Валенсија за 20 милиони евра, во првата сезона играше сосема солидно, кога беше освоена и тројната круна, но во последните две години беше еден од најлошите играчи во тимот на Луис Енрике.

Истиот извор пренесува дека Фенербахче истовремено завшрил и уште едно звучно засилување, а тоа е Самир Насри од Манчестер Сити, бидејќи Пеп повторно нема да смета на Французинот кој минатата сезона ја помина на позајмица во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…