Дома Фудбал Италија Годината на страдање е завршена – Верона е во Серија А!

Годината на страдање е завршена – Верона е во Серија А!

Џампаоло Пацини сезоната ја нарече „долго страдање“. Но, сите тие маки сега се зад Верона, која 12 месеци после испаѓањето од Серија А, се врати во елитното фудбалско друштво на Италија, одигрувајќи нерешено на гостувањето кај Чезена.

Само тој бод им беше потребен и доволен за да го одбијат налетот на Фрозиноне, кој сезоната ја заврши со ист број на бодови, но поради гол разликата и учинокот во меѓусебните дуели, мора да се задоволи со третата позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додуша, можеше да се случи и Фрозиноне автоматски да оди во елитното фудбалско натпреварување, бидејќи според правилата на Серија А, плеј-оф за промоција не се игра ако третопласираниот тим во регуларниот тек од сезоната освои 10 бода повеќе од четвртопласираниот. Фрозиноне си го заврши својот дел совладувајќи го Про Вечели со 2:1, но бидејќи загуби само Читадела, а Перуџа и Бенвенето победија, разликата во однос на четвртиот падна на 9 бода, па навивачите на „Канаринците“ ќе мора да стравуваат и во бараж натпреварот. А во него, освен Читадела, Перуџа и Бенвенето, се и Карпи и Специја.

Што се однесува на долниот дел од табелата, Тернана во Асколи славеше со 2:1, а Авелино со идентичен резултат ги порази Латина, па бидејќи Бреша во директниот дуел со давеникот – и повторно со 2:1 – ја победи Трапана, само овој последноспоменатиот го загуби статусот на второлигаш. Иако минатата сезона Трапана играше финале во плеј-оф серијата за промоција.

Да објасниме, нема бараж за опстанок ако 18-от на табелата освои пет или повеќе бода од 19-от. Победите на Тернана, Авелино и Бреша беа доволни за да избегаат пред Тернана на тие пет или повеќе бода и ја испратат неа во Серија Ц. Рака под рака со Латина, Пиза и Виченца.

„Ова беше година на долго страдање. Сега сум навистина горд. И поради тоа што ја вративме Верона каде што припаѓа, но и поради тоа што сум капоканониере. Не можам да бидам посреќен. Навивачи, чекајте не на Пјаца Бра. Брзо сме таму да славиме“; изјави веднаш после одлучувачкиот меч Пацини, кој со 23 гола беше и најдобар стрелец во Серија Б за оваа сезона.

Парови од баражот за промоција:

Беневенто-Специја
Читадела-Карпи

Полуфинале:

Фрозиноне-Беневенто/Специја
Перуџа-Читадела/Карпи

Резултати од 42-ро коло Серија Б:

Асколи-Тернана 2:1
Авелино-Латина 2:1
Бреша-Трапани 2:1
Карпи-Новара 2:0
Чезена-Верона 0:0
Фрозиноне-Про Вечели 2:1
Перуџа-Салернитана 3:2
Пиза-Беневенто 0:3
СПАЛ-Бари 2:1
Виченца-Специја 0:1
Виртус Ентела-Читадела 4:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…