Дома Фудбал Англија Гвардиола: Кога те нема едно цело полувреме, тешко дека ќе одиш понатаму!

Гвардиола: Кога те нема едно цело полувреме, тешко дека ќе одиш понатаму!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по синоќешниот пораз од Монако изјави дека неговиот тим играл само едно полувреме и тоа не било доволно.

Гвардиола не ја криеше разочараноста од елиминацијата во осминафиналето и ја презеде вината на себе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Одигравме одлично второ полувреме, но заборавивме тоа да го направиме и во првите 45 минути, а во Лигата на шампионите тешко се стигнува далеку со добра игра само во еден период. Се покажа дека не е доволно тоа што го направивме во вториот дел. Понекогаш потребно е да си посебен и среќен, а ние тоа не бевме. Нашиот тим е и без доволно искуство во ова натпреварување“, изјави шпанскиот статег.

„Како да го немаше Манчестер сити цело прво полувреме, а противникот тоа знаеше да го казни. Одигравме добри мечеви во ЛШ оваа сезона, но кога беше најпотребно, ние потфрливме и за тоа ја преземам одговорноста.. Штета, се надевам дека ќе ја научиме лекцијата“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…