Дома Видео Виде: Торес и Роналдо во жестока расправија – „Кловну“, „Кучкин сине“…

Виде: Торес и Роналдо во жестока расправија – „Кловну“, „Кучкин сине“…

Ѕвездите на Атлетико и Реал Мадрид, Фернандо Торес и Кристиано Роналдо, имаа жесток вербален дуел во финишот на првото полувреме на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Вербалниот дуел се случи во финишот на првиот дел, веднаш по голот што го постигна Иско, со кој Реал го завери пласманот во финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерите сето тоа го забележаа, па денес шпанските медиуми точно ги прочитаа сочните зборови на двајцата фудбалери.

„Во што е проблемот“, вели Торес, а потоа оттурнувајќи го Португалецот му вели: „Кловн“.

„Оди си дома идиоту“, му возвраќа Кристиано Роналдо.

Поголем судир на двајцата фудбалери спречи судијата Џунејт Чакир. Потоа Роналдо се оддалечува со својата карактеристична насмевка, што дополнително го разлути Торес.

„Кучкин сину“, дофрли Ел Нињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…