Дома Фудбал Италија (Видео) Верди погоди со удар од далечина, Икарди израмни од пенал, Интер само до бод

(Видео) Верди погоди со удар од далечина, Икарди израмни од пенал, Интер само до бод

Екипата на Болоња успеа да извлече бод во натпреварот против Интер и така да ги принуди „нероаѕурите“ на првиот „кикс“ оваа сезона.

Болоња која во новата сезона има едно реми, една победа и два порази, пружи сосема солидер отпор против до овој момент перфектниот Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симоне Верди донесе предност за домаќините со одличен удар во 32 минута од натпреварот. Домаќините сосема заслужено заминаа со предност на полувремето, гостите од Милано во првиот дел, не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Миранте.

Во вториот дел Интер заигра нешто подобро, започнаа да се редат шанси пред голот на домаќините, но гостите не успеваа да постигнат погодок од игра. Но, во 77 минута, пенал за „нероаѕурите“, а најстрогата казна во гол ја претвори капитенот на италијанскиот тим, Мауро Икарди.

До крајот на средбата резултатот не се менуваше, па Болоња и Интер ги поделија бодовите, во следното коло Интер на свој терен ја пречекува Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…