Арсен Венгер конечно одлучи во овој преоден рок да потроши значителна сума пари за нови засилувања и да направи тим кој ќе тргне во поход кон титулата.
Откако пред два дена и официјално го претставија првото големо засилување, Александре Лаказет до Лион, денес „топџиите“ испратија нова понуда за ѕвездата на Монако.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Еминентниот „Екип“ пренесува дека Венгер понудил 40 милиони евра за играчот за врска на Монако, Томас Лемар. Арсенал и порано покажуваше интерес за играчот, но не сакаа да понудат повеќе од 30 милиони евра.
Лемар има само 21 година, одигра фантастична сезона во Монако и се чини дека ќе биде идеално засилување за средниот ред на Арсенал.
Исто така медиумите тврадат дека Венгер ќе направи се за да го донесе и Ријад Марез од Лестер, па конечно да направи тим со кој ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.