Дома Останати Тенис Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како поголем потенцијал меѓу двајца водечки тенисери на денешницата, Карлос Алкараз и Јаник Синер.

Иако светот на тенисот сè уште жали за “големата тројка”, ривалството меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз се чини дека ќе биде новата голема приказна во тенисот, носејќи свежина и возбуда на фановите низ светот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Двајцата тенисери наизменично доминираат на почетокот од нивните кариери, но моментално во позитива е Алкараз, кој блескаше во сезоната на земјена подлога, додека Синер претходно освои 29 победи на турнирите на тврда подлога.

Кирјиос повторно успеа да привлече внимание на Вимблдон, иако не учествува на турнирот. Тој се појави како гостин во подкаст кај познатиот тренер Патрик Моратоглу.

Кирјиос смета дека Синер има потенцијал да биде поголем играч од Алкараз, истакнувајќи како фактор склоноста на Шпанецот кон девојките, што според него може да го одвлече од фокусот.

“Го избирам Синер бидејќи Алкараз навистина сака девојки. Тоа би можело да го забави би можел премногу да се забавува. Тоа е единствената причина. Синер ќе остане поскромен во тој поглед”, вели Австралиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најзгодната тенисерка во светот оди во пензија на 31 година (Фото)

Канадската тенисерка Ежени Бушар објави дека ќе ја заврши својата кариера на 31 година. Со…