Дома Фудбал Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго решил да го напушти Реал Мадрид, Арсенал фаворит за Бразилецот

Родриго одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на Светското клупско првенство, известува весникот “АС”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во сабота 15-кратните клупски шампиони на Европа ќе се сретнат со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на турнирот во САД. Најверојатната нова дестинација за бразилскиот репрезентативец ќе биде Арсенал. За сега Родриго ги одбил контактите со “топџиите”, затоа што сака да се фокусира на своите настапи со дресот на “белите”.

Се очекува на крајот на јули Бразилецот да разговара со тренерот на Мадрид, Чаби Алонсо. Можниот трансфер на напаѓачот во Арсенал може да достигне вкупна сума од околу 90 милиони евра. Минатата сезона 24-годишниот Родриго одигра 30 натпревари, постигна 6 гола и даде 5 асистенции за “белите” во натпреварите од Примера дивисион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …