Дома Трансфер зона Барса пронајде нов плејмејкер од Лондон!

Барса пронајде нов плејмејкер од Лондон!

Каталонските медиуми пренесуваат дека една од примарните желби на Барселона во летниот преоден рок ќе иде играчот за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Ериксен игра уште една фантастична сезона и е најдобар асистент во Премиер лигата со 18 асистенции, а притоа има постигнато и 11 гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските и англиските медиуми пренесуваат дека од следната сезона би можел да игра на „Камп Ноу“, бидејќи во Барселона слемаат дека Ериксен би бил идеално засилување во средниот ред.

Андре Гомеш се покажа како промашување, а на лето исто така заминува и Арда Туран, па со продажбата на овие двајца фубалери Каталонците сакаат да го финансираат трансферот на данскиот плејмејкер.

Сепак, проблем за Барса би можел да претставува фактот што Ериксен пред неколку месеци го продолжи договорот со „спарси“ до 2020 година, а Тотенхем нема намера да го продаде еден од своите најдобри фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…