Дома Топ вести Барса му нуди на Ливерпул 70 милиони евра за него

Барса му нуди на Ливерпул 70 милиони евра за него

Барселона му понудила 70 милиони евра на Ливерпул за трансфер на Бразилецот Фелипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.

„Скај спорт“, повикувајќи се на свои извори во Ливерпул, тврди дека Бразилецот 100 отсто нема да биде продаден. Кутињо во јануари потпиша нов договор со Ливерпул до 2022 година. Интересно, во неговиот договор не постои откупна клаузула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот минатата сезона на 31 натпревар во Премиерлигата запиша 13 гола и седум асистенции.

„Остани тука и на крајот во твоја чест ќе подигнат споменик. Замини во друг клуб, Барселона, Реал или Баерн, и ти ќе бидеш само еден од многуте фудбалери. Имам долг договор со Ливерпул, а шпекулациите се за новинарите“, рекол во март годинава 25-годишниот Кутињо.

Инаку, Барселона смета дека Кутињо може да го наследи Андрес Иниеста и според медиумите подготвена е да ја зголеми понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…