Дома Топ вести Барса го продаде за срамна цена, а сега ТОЈ е најголемата желба на Мурињо!

Барса го продаде за срамна цена, а сега ТОЈ е најголемата желба на Мурињо!

Дали ова ќе биде една од најголемите грешни одлуки на Барселна?

Дефинитивно ДА, бидејќи Барселона го продаде еден од своите бисери за милион и пол евра и тоа без клаузула за враќање, односно можност да се врати па дури и по 10 пати поголема цена. Левиот бек на Бенфика, Алекс Грималдо е првата желба на Жозе Мурињо како долгорочно решение за позицијата лев бек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој одличен 22-годишен фудбалер игра одлично во Бенфика, а на дело сега можеше да го види Мурињо во натпреварот од третото коло во Лигата на Шампионите. Грималдо е дете на Барса, беше капитен на Б тимот, но поради лошите односи и недовербата од Луис Енрике побара да си замине пред две и пол години, бидејќи не доби шанса да заигра за првиот тим.

Бенфика го препозна неговиот потенцијал и понуди милион и пол евра, што Барса на срамен начин одлучи да прифати, бидејќи се откажа од тоа да го вратат на „Камп Ноу“. Неговата откупна клаузула сега изнесува 55 милиони, што не претставува проблем за Мурињо, особено кога ќе се земе во предвид фактот дека таа позиција му е најкритична во тимот.

Португалскиот весник „Record“ потврди дека Мурињо ќе оди во офанзива, повторно ќе пазари во Лисабон, како и минатото лето кога го доведе Линделоф.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…