Дома Трансфер зона Агентот: Бака е среќен во Милан, но …

Агентот: Бака е среќен во Милан, но …

Карлос Бака и оваа сезона игра одлично во дресот на Милан иако во летниот преоден рок беше многу блиску до заминување од „Сан Сиро“.

Медиумите шпекулираат дека неколку клубови, пред се ПСЖ и во зимскиот преоден рок ќе тргнат во атак на неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот агент, Серхио Бариља истакна дека Бака е среќен во Милан но доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи двете страни тогаш се е можно.

„Карлос моментално е среќен во Милан, но доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи сите страни тогаш ќе ја разгледаме. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и многу клубови го сакаат во своите редови“, истакна агентот.

„Во летниот преоден рок пристигнаа понуди од 30 милиони евра, но Милан нема да се согласи да го пушти за таа сума. Карлос во овој момент вреди многу повеќе бидејќи нема многу напаѓачи во светот кои се подобри од него“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…