Дома Фудбал Останато ФИФА го скрати списокот: Ова се најдобрите кои влегоа во потесниот круг

ФИФА го скрати списокот: Ова се најдобрите кои влегоа во потесниот круг

fifa

Веројатно и беше очекувано…

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на свечената церемонија во Лондон денес ја објави скратената листа на кандидати за играч на годината за 2017 година! Според очекувањата, немаше апсолутно никакви изненадување, па така победникот ќе биде избран помеѓу ударната тројка во денешниот фудбал, Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според мислењето на поголемиот број стручњаци најдобриот стрелец на Реал Мадрид има голема предност во однос на Меси и Нејмар, пред се поради освоените трофеи во минатата сезона.

Да потсетиме, Роналдо минатата сезона постигна 42 погодоци во сите натпреварувања, а со Реал триумфираше во шпанското првенство и Лигата на шампионите, додека Меси и Нејмар мораа да се задоволат само со шпанскиот куп.

Кога во прашање се голманите тука специјалното жири ќе избира помеѓу Џиџи Буфон, Кејлор Навас и Мануел Ноер, а во конкуренцијата на тренерите се наоѓаат Антонио Конте, Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…