Дома Фудбал Италија Џорџо Киелини става крај на кариерата

Џорџо Киелини става крај на кариерата

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини (36) ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.

Според најголем дел од италијанските медиуми, 36 годишниот дефанзивец одлучил да се повлече на крајот од оваа сезона и наскоро и официјално ќе соопшти дека заминува во фудбалска пензија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Киелини по крајот на кариерата ќе добие место во раководството на Јувентус и така ќе продолжи да биде дел од клубот во кој дојде во 2005 година.

Кариерата Киелини ја започна во Ливорно. Беше член на Рома и Фиорентина, а во Јувентус дојде во 2005 година. Во тој долг период израсна во вистинска легенда на клубот. Вкупно одигра 525 натпревари и постигна 36 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…