Дома Фудбал Англија Џони Еванс ги засили „Лисиците“

Џони Еванс ги засили „Лисиците“

Довчерашниот дефанзивец на ВБА, Џони Еванс денеска е претставен како ново засилување на Лестер, соопштија од клубот.

ВБА не успеа да избори опстанок во ПЛ, а клубот од денеска е без еден од најдобрите во тимот ЏОни Еванс, кој во 2015 од Јунајтед пристигна во ВБА. Еванс имаше клазула во договорот да може да го напушти клубот за три милиони фунти и во случај на испаѓање од ПЛ.

Лестер беше тимот кој ја активираше клазулата и од денеска официјално има нов дефанзивец.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Еванс потпиша тригодишен договор со клубот и така стана второ засилување на екипата откако претходно се реализираше трансферот на Рикардо Переира.

Во ПЛ играше за Манчестер Јунајтед, Сандерленд и ВБА со вкупно 250 настапи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…