Дома Фудбал Останато Џон Тери ги избра најсилниот тим против кој играл и фаворитот во ЛШ оваа сезона

Џон Тери ги избра најсилниот тим против кој играл и фаворитот во ЛШ оваа сезона

Иконата на Челзи и долгогодишен капитен на тимот со кој стана и шампион на Европа во 2012 присуствуваше во Нион на ждребот на паровите за Лигата на шампионите (ТУКА).

Во разговор за медиумите, Тери одговараше на прашања на новинарите, а посебно интересно беше прашањето за најдобриот тим против кој играл во Лигата на шампионите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Никогаш нема да ги заборавам натпреварите против Барселона во полуфиналето во 2012 година кога ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Тери, а како најсилен тим повторно ја избра Барселона.

„Беше тоа Барселона во сезоната 2004/2005. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тие се најопасните против кои сум играл“, призна Тери.

Во тој натпревар по два фантастични натпревари како победници излегоа Англичаните. Барселона дома победи 2:1, а Челзи во Лондон 4:2.

Сепак, кога во прашање е моменталната ситуација за најголем фаворит го смета Реал Мадрид.

„Реал Мадрид од почетокот на сезонава најмногу ме импресионираше. Џуд Белингам е неверојатен и Карло Анчелоти е голем тренер. Мислам дека можат да стигнат далеку. Работев со Анчелоти, тој е навистина голем тренер“, одговори Тери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА му се извини на Тотенхем за грешката со медалите

Неверојатен гаф направи УЕФА при церемонијата на доделување на медали на освојувачите на Л…