Џо Харт е слободен агент првпат во 17 годишната кариера, неговиот договор со Барнли истекува денес и истиот не го продолжи.
Поранешниот голман на Манчестер Сити се пошегува дека би бил среќен ако го замени Куртоа во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа што седев 18 месеци на клупата во Премиер лигата нема да ме сруши. Среќен сум поради себе. Се сеќавам дека настапував за локален тим во аматерска лига и се обидував да дојдам до првиот тим на Шресберу Таун. Научив претходно дека работите треба да ги задржите во реална преспектива“.
„Во фудбалот други можат да зборуваат одлични работи за вас, но вие морате да бидете силни во самокритичноста, да го анализирате она што го правите и цврсто да останете на земја. Морате да гледате напред и да ги процените вашите моиности. Знам дека Реал нема да ми се јави да го заменам Куртоа, но потребен ми е клуб кој ќе верува во мене“, изјави Харт.