Дома Фудбал Џерард само што пристигна во Саудиска Арабија, а веќе сака да ги донесе ѕвездите на Ливерпул и Челзи

Џерард само што пристигна во Саудиска Арабија, а веќе сака да ги донесе ѕвездите на Ливерпул и Челзи

Новиот тренер на фудбалскиот тим Ал Етифак, Стивен Џерард планира во клубот од Саудиска Арабија да ги доведе капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон и напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг.

Џерард потпиша двегодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, а пред Ал Етифак раководеше со Ренџерс и Астон Вила.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англискиот тренер сака да го ангажира Хендерсон, кој има договор со Ливерпул до јуни 2025 година, пишува „Дејли мејл“.

Обамејанг е член на Челзи од 2022 година, а претходно играше за Барселона, Арсенал, Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан.

Минатата сезона Ал Етифак го освои седмото место во шампионатот на Саудиска Арабија, а Џерард неодамна дојде на клупата на овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни го нападна навивачот кој стана вирален: Би го испратил на другата страна на државата, ме нервира!

Манчестер Јунајтед го заврши својот победнички низ со резултат 1-1 на гостувањето кај Вест…