Дома Фудбал Италија Џенова треба да му се поклони: Гранде Пандев е заслужен за повеќе од пола бодови!!

Џенова треба да му се поклони: Гранде Пандев е заслужен за повеќе од пола бодови!!

Горан Пандев и во залезот на кариерата држи фудбалски лекции низ Италија, а оваа сезона ако Џенова избори опстанок во Серија А тој ќе биде еден од најзаслужните.

Вчера Пандев после само три минути од влегувањето во игра со првиот допир на топката постигна гол. За македонскиот капитен тоа беше шести гол оваа сезона. Италијанските медиуми после овој гол на Пандев пресметаа дека од 19. бода што ги освоила Џенова сезонава, дури за десет е заслужен Пандев.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„За Пандев не треба многу да се зборува, тој е импресивен. Кога сте секој ден со него и го гледате како тренира, што јаде, како се однесува…Сфаќате дека ништо не е случајно. Пандев е пример за целиот клуб и за тоа како треба да се однесуваме на теренот, но и надвор од него“, изјави соиграчот на Пандев, Иван Радовановиќ.

Пандев по натпреварот потврди и дека имал преговори со Интер, но останал за да ја спаси Џенова.

„Имаше преговори со Интер, но одлучив да останам за да ја спасам Џенова. Сите тука знаат дека го саакам овој клуб. Интер за мене е се, тој клуб ме донесе во Италија и таму ја имав најубавата година, освоив се“, изјави Пандев по натпреварот.

Кога ќе ја погледнете статистиката која ја споменавме тогаш станува јасно дека оваа изјава на Пандев и тоа како е вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи купува напаѓач од 115 милиони

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…