Дома Фудбал Италија Џенова ги откри платите, Пандев помеѓу најслабо платените

Џенова ги откри платите, Пандев помеѓу најслабо платените

Реномираниот италијански весник „Газета Дело Спорт“ откако ги објави платите во најголемите италијански клубови, дојдоа на ред и оние помалите, а за нас посебно е интересна Џенова, во која настапува македонскиот капитен Горан Пандев.

Пандев ова лето имаше бројни понуди да ја напушти Џенова, но сепак одлучи да остане Џенова и тука да ја заврши кариерата, но за далеку помала плата. Струмичанецот го продолжи договорот според кој во новата сезона ќе заработува 500.000 годишно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според ова македонскиот капитен е еден од послабо платените фудбалери во еден од најстарите италијански клубови.

Фудбалери со најголеми примања во редовите на Џенова се новајлиите кои пристигнаа од редовите на „росонерите“, Андреа Бертолачи и Џанлука Лападула, со два милиони, односно 1.5 милион евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пристигнувањето на Кансело во Барселона се одложува засега

Десниот бек Жоао Кансело беше очекуван денес во Барселона за медицински прегледи и да го ф…