Eдин Џеко неодамна дипломираше на универзитет за спортски менаџмент во Сараево и на некој начин покажа какви амбиции има после завршувањето на кариерата.
Добри вести за навивачите на Рома се што Џеко е блиску до потпишување на нов договор со „Волчицата“, а како што наведуваат италијанските медиуми по завршувањето на играчката кариера би можел да добие директорска функција и да му помага на Тоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога во прашање е новиот договор, планот на Рома е да го продолжи на уште една година во однос на актуелниот, значи до јуни 2021 година.
Тоа би подразбирало и да игра за нешто помала плата – 4 милиони евра, што е за 500.000 евра помалку отколку што добива сега.
Иначе, Џеко зборува четири странски јазици: Чешки, германски, англиски и италијански.