Изгледа дека само е прашање на денот кога Един Џеко ќе ја напушти екипата на Рома и ќе се приклучи на Интер.
Управата на Рома не сака да го пушти се додека не пронајде замена за него, а изгледа дека тоа конечно е решено. Замена за капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина би бил Радамел Фалкао кој минатата сезона настапуваше за Монако.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Францускиот тим имаше многу лоша сезона и изгледа дека сега ќе ги напушти нивниот капитен Фалкао. Освен Рома за одличниот напаѓач има голем интерес од неколку клубови од Турција, кои сакаат да го видат во врвот на нападот во својата екипа.
На крајот, одлуката ќе биде на Фалкао, дали својата кариера ќе ја проодлжи во Турција или во екипата на Рома.