Репрезентацијата на Босна и Херецеговина одигра реми против Грција (0:0), а тој натпревар ќе остане запаметен по нередите кои се случија после натпреварот.
Посебно интересен за медиумите беше судирот на соиграчите од Рома, Един Џеко и Костас Манолас. Откако Манолас ги навредуваше навивачите на Босна, капитенот Един Џеко одлучи да “поразговара“ со Манолас по што настана Хаос.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Денес Џеко за „Скај Спорт“ зборуваше за споменатите случувања.
„Такви работи се случуваат на теренот, но што ќе се случи на теренот таму и останува. Тоа се заврши, одиме понатаму“, изјави Џеко.