Дома Фудбал Англија Џан јасен: Ништо не сум потпишал – Германецот и Ливерпул повторно на преговарачка маса

Џан јасен: Ништо не сум потпишал – Германецот и Ливерпул повторно на преговарачка маса

Иако неодамна беше најавуван дека Емре Џан се договорил со Јувентус, изгледа дека сепак не е така.

За навивачите на Ливерпул повторно има надеж, дефанзивниот играч за врска Емре Џан на кого актуелниот договор му истекува наредното лето, ќе седне повторно на преговарачка маса и ќе преговара со „црвените“ за нов договор.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Позицијата на клубот од „Енфилд“ воопшто не е лесна бидејќи фудбалерот влезе во последните месеци од договорот и има право да преговара со заинтересираните клубови.

Во претходните преговори проблемот помеѓу Џан и Ливерпул беше поставувањето на откупна клазула, на кој Германецот инсистираше.

„Мојот агент се грижи за се. Не сум потпишал ништо за никого. Јас зборувам со сите, секако и со Ливерпул. Зошто да не го продолжиме договорот? Ова е неверојатен клуб, како што кажав останатото е работа на мојот агент. Јас сум сконцентриран само на моите настапи“, изјави Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп откри дека е разочаран од навивачите на Ливерпул

Јирген Клоп овој викенд е во Ливерпул и во недела ќе присуствува на прославата за титулата…