Продолжуваме со предлози и анализи од страна на поранешните фудбалски репрезентативци на Македонија, Васоски и Ќумбев. Денес повторно има три натпревари, па да ги видиме предлозите за трите дуели.
Група Е: Полска – Словачка ( време: 18:00 ч.)
Интереснаи доста израмнета е оваа група Е. Полјаците можеби се благи фаворити во овој дуел но не треба да се заборави фактот дека Словаците се пласираа на ова европско исто како нас, преку Лига на нации и ги исфрлија прво Република Ирска во полуфиналето, а потоа и Северна Ирска во финалето. Очекувам цврст и борбен натпревар со малку голови.
ТИП: Полска – Словачка – 0-2 @ 1.65 во 22Bet
Група Е: Шпанија – Шведска ( време 21:00 ч. )
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овде голема недоумица. Се уште не знаеме со каков состав ќе настапи Шпанската репрезентација поради Ковид вирусот. Ако биде комплетна секако Шпанија е фаворит. Шведска во 2021 година реди само победи и секогаш игра добро на големите натпреварувања. Ако биде Шпанија комплетна овде би типувал победа на Шпанците со најмалку два гола во мрежата на Швеѓаните.
ТИП: Шпанија – Шведска – 1 Т12+ @ 1.88 во 22Bet
Група Д: Шкотска – Чешка ( време: 15:00 ч.)
Ова ќе биде еден израмнет натпревар. Не очекувам тука некој премногу квалитетен фудбал, бидејќи и двете репрезентации не се на она ниво како од предходно. Кога во прашање се тактичките варијанти треба да ги погледнеме првите натпревари па да донесеме потемелни заклучоци кој тим и со која тактика ќе игра на ова првенство. Но овде очекувам тежок натпревар и искрено очекувам нерешен резултат, затоа што не гледам дека некоја екипа ќе доминира.