Дома Фудбал Италија Ќе се враќа публиката на стадионите во Серија А!

Ќе се враќа публиката на стадионите во Серија А!

Aко утрово од Англија добивме лоши вести дека поради осум позитивни случаи во Премиер лигата повторно ќе бидат укинати гледачите на трибините, добри вести добиваме од Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Англија беа дозволени најмногу 2000 гледачи на трибините, но после позитивните случаи сега стадионите повторно ќе бидат празни. Од друга страна првиот човек на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гарвина изјави дека од 1. Јануари се планира во Серија А да биде дозволена публика.

Секако нема тоа веднаш да биде со полн капацитет.

„Планот е од 1. јануари полека да воведуваме публика на стадионот на мечевите од Серија А. Нормално, нема веднаш да биде пуштен полн капацитет, но убаво е што навивачите постепено ќе се враќаат“, порача Гарвина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Босна и Херцеговина во приј…