Дома Фудбал Гранит Џака во нов скандал: Вербален судир во трговски центар

Гранит Џака во нов скандал: Вербален судир во трговски центар

Гранит Џака, капитенот на Сандерленд и швајцарската репрезентација, се најде во центарот на нов скандал поради инцидент во трговски центар во Англија. Искусниот фудбалер влезе во вербален судир со човек кој го провоцираше поради неговите правни проблеми во Швајцарија.

Според британскиот весник “Сан”, провокаторот бил навивач на Њукасл, голем ривал на Сандерленд. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Џака се обидува да се оддалечи со сопругата Леонита, додека непознат човек му добацува навреди.

Провокаторот го потсетувал Џака на случајот со фалсификуваната потврда за вакцинација од 2022 година, кога Џака играше за Арсенал. Фудбалерот првично се обидел да ги игнорира провокациите, но на крајот се свртел кон човекот кој го снимал.

Сериозен инцидент беше избегнат благодарение на друг минувач, кој му пристапи на Џака, разговараше со него и му подаде рака. Провокаторот продолжи со навредите, спомнувајќи го и името на Бруно Гимараеш, што дополнително го испровоцира Џака.

Овој инцидент се случи само ден по признавањето на Џака за фалсификуваната потврда за вакцинација, што повторно го стави во центарот на вниманието. За среќа, не дојде до физички судир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо пред суспензија поради конфликт со селекторот

Кристијано Роналдо се соочува со суспензија од португалската репрезентација поради конфлик…