Герет Бејл пред десетина дена го засили Тотенхем, но вестите кои доаѓаат од Англија сигурно нема да им се допаднат на навивачите на „петлите“.
Откако Зидан не сметаше сериозно на него беше извесно дека Бејл ќе го напушти Реал. На крајот тој се врати во Тотенхем каде што една година ќе игра како позајмен играч, но неговата желба беше трансфер во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се поврзуваше Бејл и претходно со Јунајтед, меѓутоа беше резервна опција за Џејдон Санчо. Бејл не можеше да го чека развојот на ситуацијата кој не беше поволен за Јунајтед па ја прифати понудата на својот поранешен клуб.
Би требало сега да биде големо засилување за екипата на Мурињо, меѓутоа на навивачите на Тотенхем сигурно нема да им биде сеедно што клубот во кој се прослави му беше резервна опција.